Бекам се враќа во Милан

Англискиот фудбалер Дејвид Бекам се враќа во Милан, соопштил потпреседателот на тој италијански клуб, Адријано Џилијан. Бекам и понатаму е член на Лос Ангелес Галаксија, но во Милан ќе дојде како позајмен играч, за да се обиде да го убеди селекторот на англиската репрезентација Фабијо Капела, дека го заслужува местото во националниот тим, за натпреварите на светскиот шампоинат наредната година. Бекам и порано беше позајмен игра во Милан.