Италија негира дека подмитувала Талибанци во Авганистан

Италијанската влада го негираше извештајот на британски весник , дека нејзините тајни служби платиле на Талибанците во Авганистан да задржат една област контролирана од италијанските безбедносни сили. Премерот Силвио Берлускони извештајот го нарече „целосно неоснован “, а министерот за одбрана изјавил дека тоа се глупости. "Тајмс" наведувајќи "западни воени официјални лица" и "офицери на НАТО" - вели дека Италијанците платиле "десетици илјади долари" на Талибанците и на други воени лидери во областа Сароби, источно од Кабул. Весникот пишува дека Италијанците погрешно ги информирале своите сојузници, кои ја презеде функцијата на таа област во средината на 2008 година, уверувајќи ги дека таму е сигурно. Набрзо потоа, 10 француски војници биле убиени во заседа. Француското Министерство за одбрана соопшти дека нема информации за потврда на пишувањата на "Тајмс" , и портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи, одбил да коментира.