Тројца полицајци загинаа во судири на југот на Иран

Тројца полицајци загинаа при судирите на југот на Иран, соопшти денеска иранската полиција. Група напаѓачи, од заседа нападнале полицајци кај Хаџијабад на 1300 километри југо источно од Техеран. Судирите во овој дел на Иран, каде минуваат шверцерски канали за дрога од Персијскиот залив се чести.