Отфрлена интерпелацијата за Јанакиески

Собранието на Република Македонија не ја изгласа интерпелацијата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со шеесет и осум гласа „против“ и дванаесет гласа „за“ пратениците ја отфрлија интерпелацијата поднесена од опозицискатта СДСМ, со која се бaраше одговорност за бродската несреќа во која животот го загубија петнаесет бугарски државјани.