Засилени економските санкции спрема Иран

САД ја усвоија легислативата за зголемување на економскиот притисок врз Иран, поради контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Со оваа одлука Иран ќе загуби дваесет милијарди долари од Америка, инвестирани во операциите на нафта и природен гас. Американските компании веќе имаат ограничување за водење бизнис во Иран. Законот најпрвин мора да биде одобрен и од сенатот, пред да го потпише претседателот Обама.