Германија ќе ги враќа косовските бегалци

Германското министерство за надворешни работи, денеска соопшти дека сака да испрати 14 илјади бегалци назад во Косово. Портпаролот на министерството изјавил дека со косовската влада ќе потпишат договор за нивно организирано враќање на Косово, наесен. Враќањето ќе биде во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, изјавил портпаролот. Но пратеникот од опозицијата Ула Јелпке рече дека најголем дел од бегалците се Роми , па ако се вратат во Косово ќе бидат доведени во опасност .Според НАТО, безбедносната ситуација на Косово е подобрена. НАТО, има околу 14 илјади мировните сили стационирани таму , а се очекува тој број да се намали во текот на наредните две години