Од 2004 до 2008 во Ирак загинале 85.000 луѓе

Во немирите во Ирак од 2004 до 2008-та загинале повеќе од 85 илјади луѓе, објавува ирачката Влада. Ова се првите официјални извештаи откако започна војната во таа земја во 2003-та година. Во извештајот што го објави иранското министерство за човекови права, пишува дека меѓу загинатите имало и 15 илјади неидентификувани тела кои се погребани во посебни гробници. Во истиот период имало и повеќе од 147 илјади ранети.