САД со критики до Турција поради откажаната вежба

Соединетите држави ја критикуваа Турција поради откажувањето на воената вежба што секоја година се одржува во централниот дел на земјата. Израелската армија во неделата соопшти дека нејзината авијација била исклучена од воената вежба поради одлуката на Турција да ја промени листата на учесници. ,,Недозволиво е некоја земја да биде поканета да учествува, а потоа да биде исклучена од воената вежба, изјави портпаролот на Стејт департментот, Филип Кроули.