Самит на Шангајската организација за соработка

Во Пекинг се одржува самит на земјите на Шангајската организација за соработка во која се вклучени Русија, Кина, Казахстан, Узбекистан, Киргизстан и Таџикистан, а статус на посматрачи имаат Иран, Индија, Пакистан и Монголија. Според некои агенции, рускиот премиер Владимир Путин се очекува на маргините на самитот да се состане со претставници на Авганистан кои на самитот се поканети како гости. Вчера Русија и Кина во Пекинг потпишаа договор за балистичките ракети.