Обама и соработниците подготвуваат стратегија за Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да се сретне со највисоките претставници на неговата администрација, при што ќе се разгледува стратегијата за авганистанско- пакистанскиот регион. Обама вчера изјави дека наскоро ќе ја донесе својата одлука за политиката околу војната во Авганистан, вклучувајќи и дали ќе бидат испратени десетици илјади нови трупи во земјата во наредните недели.