Баросо:Клаус да не ја спречува ратификацијата на Лисабонскиот договор

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо гo повика денеска чешкиот претседател Вацлав Клаус да ја потпише Лисабонската спогодба, наместо да прави "вештачки пречки" на патот на ратификација.
Баросо, говорејќи пред новинарите во Брисел, по разговорите со чешкиот премиер Јан Фишер, рече дека, одложувањето на работите не му оди во интерес на никого, најмалку во интерес на Чешка. Фишер пак, рече дека неговата влада ќе инсистира на ратификација на документот. Тој изјавил дека чешката влада ќе направи се за да се осигура дека процесот на ратификација во Чешка е комплетно исполнет.