Падна Романската Влада

Парламентот во Романија, денеска и изгласа недоверба на Владата. За недоверба на Владата, гласале 258 од вкупно 471 пратени, што било доволно да падне Демократско-либералната влада. Но Владата ќе остане на власт, се додека парламентот не одобри нова влада. Тоа би можело да значи дека ќе има потешкотии во исполнувањето на условите за добивање 20 милијарди евра помош, пакет што Романија го доби оваа година од Меѓународниот монетарен фонд, за справување со економската криза.