ОН бара Иран да ја преиспита одлуката за смртна казна

Високиот комесар на ОН за човекови права денеска го повика Иран да ја преиспита одлуката со која тројца луѓе, кои беа уапсени на протестите по јулските избори, беа осудени на смртна казна. Високиот комесар изразил загриженост за начинот на кој било изведено судењето. Одговорниот за медиуми во Министерството за правда, изјавил дека тројцата луѓе биле осудени на смрт поради нивната улога во постизборните инциденти. Комесарот ја осудил и неделната егзекуцијата на едно момче , кое беше осудено на смрт уште додека беше малолетник