Индија не дозволува пренесување на моштите на Мајка Тереза

Индиската влада нема да дозволи ексхумација и префрлање на моштите на Мајка Терза од Индија во Тирана, како што побара Албанија, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Вишну Пракаш. Премерот на Албанија Сали Бериша претходно побара посмртните останки на Мајка Тереза да бидат пренесени во Тирана. Но Пракаш изјавил дека , таа била индиски државјанин и дека сега почива во својата земја.