Русија и Кина потпишаа договори, вредни 3,5 милијарди долари

Русија и Кина денеска потпишаа билатерални договори, вредни 3 ипол милијарди долари, соопшти рускиот вице премиер Александар Жуков. Бил постигнат и договор за испорака на 70 милијарди кубни метри руски гас за Кина, годишно, кој треба да стартува од наредната година. Алексеј Милер, првиот човек на Газпром, не соопшти други детали за овој договор. Во посета на Кина е рускиот премиер Владимир Путин, кој разговараше со кинескиот колега Вен Џибао и со претседателот Ху Џинтао.