Претседателот на Естонија во посета на Македонија

Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува претседателот на Република Естонија, Томас Хендрик Илвес. Во рамките на посетата тој ќе оствари тет-а-тет средба со неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а официјална средба ќе имаат и делегации на двете земји.