Иран ги отфрли предупредувањата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон околу нуклеарната програма на Техеран. Таа побара доказ дека Иран не прави нуклеарно оружје, наведувајки дека трпеливоста на светските сили е при крај. Министерот за надворешни работи на Иран Хасан Гашкави негира дека Иран ги прекршил меѓународните закони.