Крај за политиката „ Не прашувај и не кажувај“

Илјадници активисти за правата на хомосексуалците маршираа во Вашингтон ден откако американскиот Претседател Барак Обама изјави дека ке стави крај на забраната за армиска служба на хомосексуалците. Тие, меѓу другото бараа и признавање на правата на брак на хомосексуалните парови. Обама во обраќањето до активистите изјави дека ке стави крај на политиката „ Не прашувај и не кажувај“, која им дозволуваше на мала врата на хомосексулаците мажи и жени да служат во армијата на Соединетите Држави.