Пакистански сили убија 16 талибански милитанти

Во напад на пакистански авион врз две позиции на талибанците во Јужен Вазиристан во близина на авганистанската граница биле убиени 16 милитанти. Нападот се случил вчера неколку часа откако командосите ослободија 39 заложници кои беа држени од милитанти во армиски команден центар. Пакистанската влада соопшти дека се подготвува за голема офанзива против талибанските милитанти во Јужен Вазиристан.