Сирија забрани пушење во рестораните

Сирија го забрани пушењето во затворени јавни објекти. Според декретот што го потпишал претседателот Башар Ал Асад прекршителите на забраната за пушење во кафулињата пабовите и рестораните ќе треба да платат казна од околу 50 долари. Забраната се однесува и на популарното наргиле. Забрането е пушење во училиштата и во јавниот превоз.