Јапонски министер во посета на Авганистан

Јапононскиот министер за надворешни работи Катшуа Окада, денеска пристигна во посета на Авганистан, со што стана првиот член на новата јапонска влада кој отпатувал таму. Тој допатува во Кабул, да се состане со претседателот Хамид Карзаи и со други високи претставници. Како што е најавено тие ќе разговараат за тоа како да се воспостави стабилнa авганистанската влада, по претседателски избори, и како може во сето тоа да помогне Јапонија. Од Авганистан, Окада ќе замине во Пакистан.