Откажани воени вежби поради заладените односи Турција-Израел

Израелската војска соопшти дека Турција, во последен момент, ги откажала годишните меѓународни вежби на воздухопловните сили што требаше да се одржат оваа недела, поради влошените односите со Израел. Воен официјален претставник на Ерусалим, за Асошиетед прес изјавил дека Турција се одлучила на таков чекор, за да не можат израелските воздухопловни сили да земат учество на вежбите. Турција долго време е најдобар пријател на Израел во муслиманскиот свет. Но нивните односи се заладија кога турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, ја критикуваше војната на Израел во појасот Газа.