Нема договор меѓу Азербејџан и Ерменија

Нема напредок во разговорите за надминување на недоразбирањата меѓу Ерменија и Азербејџан, изјавил Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Неговата земја и Ерменија имаат недоразбирања за спорната енклава Нагорно-Карабах, која е контролирана од Ерменците а се наоѓа на територија на Азербејџан.