Забранет алкохолот во ирачкиот град Наџаф

Властите во ирачкиот град Наџаф денеска ја забранија продажбата и потрошувачката на алкохол , велејќи дека неговото користење е неспојливо со исламот. Тие соопштиле дека е забрането и рекламирањето на алкохол. Официјалните лица изјавија дека одлуката е донесена "Поради специфичниот карактер на Наџаф како свет град." Иако употребата на алкохолот се смета за спротивно на строгиот ислам, дозволено е да се продава во продавници во Багдад и други ирачки градови.