Папандреу:Грција сака да го реши спорот за името

Меѓу Атина и Скопје постои еден нерешен проблем-спорот за името, кој Грција сака да го реши, изјавил во Истанбул, грчкиот премиер и министер за надворешни работи Јоргос Папандреу, објави електронското издание на грчкиот весник „Навтемборики“, пренесува МИА.. Папандреу истакнал дека позицијата на Грција во спорот со Македонија е позната и дека тоа е вистинскиот пат за изнаоѓање на едно взаемно прифатливо решение.