Во пожар во Финска петмина загинати

Властите во Финска соопштија денеска дека 5 лица загинале, а 9 биле повредени во пожарот што избувнал во една куќа на југот на земјата каде што се одржувала забава за млади. Жртвите, според полицијата, имале помалку од дваесет години. Причината за пожарот се уште не е позната.