Авионска несреќа на Хаити, 11 загинати

Авион на Обединетите нации се урнал на Хаити при што загинале сите 11 луѓе. Авионот се урнал во близина на главниот град Порт о Пренс. Жртвите, како што е соопштено, биле војници од Уругвај и Јордан кои служеле во рамките на мировната мисија на Обединетите нации на Хаити.