Обама ќе ги подари парите од Нобеловата награда

Американскиот претседател Барак Обама ќе и го подари на некоја хуманитарна организација паричниот дел од Нобеловата награда за мир што изнесува 1,4 милиони долари. Ова го изјавил претставник на кабинетот на Обама, додавaјќи дека Обама се уште немал решено на која орагнизација да и ги даде парите. Обама, како што соопшти портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс, лично ќе отиде во Осло каде што на 10 декември ќе му биде врачена Нобеловата награда за мир.