Клаус повторно бара екстра гаранции за Лисабонскиот Договор

Чешкиот претседател Вацлав Калус денеска повтори дека Чешка треба да преговара за добивање гаранции во врска со Лисабонскиот Договор, со кои ќе ја заштити земјата од пост-воените имотни барања и суверенитетот на судството. Клаус изјави дека страхува оти барањата за враќање на имотите, одземени на околу три милиони германци по Втората Светска Војна, може да доведе до големи проблеми во чешкиот судски систем.