Хрватска е за брзо решение на спорот со името

Хрватска ја призна Македонија под нејзиното уставно име и се надева на брзо решение на спорот со Грција околу името. Ова денеска во Загреб го изјави претседателот на хрватскиот Сабор Лука Бебиќ по средбата со претседателот на Собранието на Македонија Трајко Велјановски. На средбата, како што соопштија тие, разговарале за билатералните односи и за евроатлантските интеграции.