Клинтон започнува турнеја низ Европа

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска заминува во 5 дневна турнеја во Европа, при што ќе ги посети Швајцарија, Велика Британија, Ирска и Русија. Клинтон, утре во Цирих ќе присуствува на церемонија на која Ерменија и Турција треба да потпишат договор за нормализирање на односите, а потоа ќе отпатува за Лондон, Даблин, Белфатс, Москва и во Казан. Разговорите во Русија ќе бидат посветени на новиот договор за намалување на нуклеарното оружје и почитувањето на човековите права.