Самоубиствен напад во Кабул, неколкумина загинати

Силна експлозија денеска го потресе центарот на главниот град на Авганистан, Кабул при што имало најмалку седуммина убиени и над 60 ранети, претежно цивили. Агенциите јавуваат дека експлозијата се случила во близина на индиската амбасада. Според првичните информации, станува забор за самоубиствен напад со автомобил бомба. Во изминатиот период во Кабул зачестија ваквите напади, а во последниот, пред две недели загинаа шест италијански војници и десетина цивили.