Берлускони: Уставниот суд донесе политичка пресуда

Одлуката на Уставниот суд на Италија да го поништи Законот за имунитет кој го штити премиерот Силвио Берлускони од судско гонење, претставува „политичка пресуда“ и премиерот има намера да продолжи да ја управува земјата, се вели во соопштението од кабинетот на Берлускони. Авторот на поништениот закон, министерот за правда Анџелино Алфано оцени дека одлуката на Уставниот суд е „изненадувачка“.