Рекорден буџетски дефицит во САД

Дефицитот на државниот буџет на САД за буџетската 2009-та година, која заврши на 30-ти септември, изнесува рекордни илјада и 400 милијарди долари. Според финансиските експерти, главни причини за тоа се големиот пад на даночните приходи поради рецесијата, давачките од 245 милијарди долари за спасување на њујоршката берза, откупот на две големи пропаднати хипотекарни банки и 200 милијарди долари кои претседателот Барак Обама ги потроши за стопански субвенции. Обама лошата финансиска состојба ја припиша на финансиската и стопанска криза која ја наследил од администрацијата на Џорџ Буш.