Груевски очекува соодветна оценка за Македонија од ЕК

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека не сака да ги коментира неофицијалните информации за содржината на претстојниот извештај на ЕК за Македонија, но очекува Брисел соодветно да ги валоризира достигнувањата, прогресот и вложениот труд во изминатиот период. Груевски изјавил дека во наредниот период ќе се работи на она што не е сработено, а реформите нема да застанат на 14 октомври кога се очекува да биде објавен извештајот од ЕК, ниту пак до средината на декември кога е Самитот на Европската унија.