Пакистан бара долгорочна подршка од САД

Шефот на дипломатијата на Пакистан Мехмуд Кореши, за време на посетата на Вашингтон, ги повика Соединетите Држави да покажат долгорочна решеност за стабилизација и економски развој на Пакистан, Авганистан и на поширокиот регион. По разговорите со државниот секретар Хилари Клинтон, Кореши нагласи дека не треба да се повтори грешката од 1989-та година кога Соединетите Држави го загубиле интересот за Авганистан откако Советските трупи се повлекоа од таа земја.