Месиќ:Односите меѓу Хрватска и Србија се заладени

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ, изјавил денеска во Брач, дека признавањето на Косово, од хрватска страна ги заладило односите меѓу неговата земја и Србија, а тоа допринело до застој и нормализација на односите во регионот. Односите меѓу Хрватска и Србија се во застој поради што не може да се организира ниту меѓудржавна средба на највисоко ниво, рекол Месиќ.