Бериша:Албанија и Косово ќе влезат во ЕУ но одделно

Албанскиот премиер ја отфрли можноста за обединување меѓу неговата земја и Косово, велејќи дека двете нации се надеваат дека ќе се приклучат на Европската унија, но одделно. Ова Бериша го изјавил денеска, за време на посетата на Косово . Премиерот Сали Бериша изјавил дека "националната безбедност на Албанците е европската безбедност." Косово прогласи независност од Србија во февруари 2008 година. Албанија и Косово се согласија да им дозволат на своите граѓани слободно да се движат од една во друга земја, но српските официјални претставници го обвинуваат Бериша дека се обидува да ги обедини Албанија и Косово