Уапсен виновник за геноцид во Руанда

Полицијата во Уганда соопшти дека го уапсила Иделфонс Низејмана еден од најбараните луѓе, виновен за геноцидот извршен во 1994, во Руанда, јавува Ројтерс. Низејмана е поранешен воен капетан и висок разузнавачки офицер, кој е обвинет дека го организирал маскарот во кој беа убиени над 800 илјади луѓе. САД претходно понудија 5 милиони долари награда за негово фаќање.