САД: Предлог за нови санкции спрема Иран

Во американскиот Конгрес денеска се очекува да се одржи сослушување кое ќе биде фокусирано врз зацврстувањето на постојните санкции против Иран, но и врз можноста за воведување нови санкции доколку Техеран ја продолжи нуклеарната работа. Сенаторот Кристофер Дод од Демократската партија ,предложи закон со проширување на сегашните американски рестрикции спрема иранските финансиски институции.