САД изненадени од третманот на студентите во Туркменистан

САД се изненадени од тоа што Туркменистан ја оспорува слободата на движење на студентите. Амбасадата на САД во Ашхабат, соопштила дека на туркменистански студенти кои студираат на универзитети во Бугарија и во Киргистан , минатата недела им било забрането да ја напуштат земјата. Властите во Туркменистан, сеуште не се изјасниле за политиката на забранети патувања за студентите.