Премиерот Груевски во Словачка

Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски ќе престојува во еднодневна официјална посета на Словачка, на покана од неговиот колега Роберт Фицо. Премиерот Груевски, кој ја предводи македонската владина делегација во чиј состав се и вицепремиерот Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во Братислава, покрај со својот домаќин Фицо, ќе се сретне и со Мирослав Чиж, заменик –претседател на Националниот совет- Парламентот на Словачка. Предвидено е Груевски и Фицо да потпишат договори за ослободување од двојно оданочување и за соработка во борбата против криминалот.