Железничка несреќа во Тајланд

Патнички воз во Тајланд излета од шините при што загинаа најмалку 8, а повредени се над 50 лица. Возот кој патувал за Бангкок излетал во услови на пороен дожд во областа на познатото крајбрежно одморалиште Хуа Хин. Дел од патниците најверојатно се заглавени во возот.