МОК сака да го спречи недозволеното обложување

Меѓународниот олимписки комитет , осмислил нов начин на следење , за да се спречи недозволено обложување за време на олимписките игри . Програмата за првпат ќе биде употребена на Зимските олимписки игри во 2010 во Ванкувер. Следењето и проверките ќе ги прави швајцарската компанија за мониторинг на спортот, а таа ќе ги прави и анализите за тоа како се одвива обложувањето. На учесниците на олимписките игри и на сите акредитирани лица ќе им биде забрането да се обложуваат за време на игрите.