Превземена одговорност за несреќата во хидро-електраната во Русија

Поранешниот шеф на сега веќе непостоечката компанија „ Обединети енергетски системи“, денес прифати целосна одговорност за експлозијата во најголемата хидро-електрана во Русија, во која во август загинаа 75 луѓе. Преземањето на одговрноста, дојде еден ден по објавувањето на резултатите од истрагата за експлозијата , кои укажаа на серијата технички недостатоци и човечки грешки.. Комунистичката партија на Русија побара кривична истрага против шефот на компанијата.