Поранешниот јапонски министер за финансии пронајден мртов

Поранешниот јапонски министер за финансии, Саочи Накагава денеска е пронајден мртов во својот стан во Токио, соопштила јапонската полиција.
Причината за неговата смрт сеуште е непозната. Накагава на конференцијата на земјите од Г-7, одржана во февруари годинава во Рим , делуваше пијано, по што опозицијата побара негова оставка. Иако тој негираше дека пиел, сепак набрзо поднесе оставка