Инспекторите на ОН при крајот на октомври ќе го посетат Иран

Техеран се согласи на 25 октомври инспекторите на ОН задолжени за науклеарна енергија, да ја посетат постројката за збогатување на ураниум, изјави шефот на меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј. Светските сили се сомневаа дека Иран се обидува да направи атомска бомба и затоа бараа нивни инсектори да ја посетат фабриката која се гради во близина на иранскиот град Ком.