Климатските промени ќе нанесат огромни штети

Светската банка објави дека земјите во развој ќе трпат околу 80 проценти од штетите предизвикани од климатските промени. Главниот економист на Светска банка , Џастин Лин од Истамбул, изјави дека трошоците за ублажување на климатските промени ќе бидат огромни. Тој рече дека банката се надева дека во декември во Копенхаген на Самитот на ОН , членките ќе се договорат за тоа што да направат за намалување на влијанието на глобалното затоплување.