И британската армија е за зголемување на трупите во Авганистан

Новиот шеф на Британската армија во Авганистан, Дејвид Ричардс, го подржува повикот на неговиот американски колега за зголемување на трупите во Авганистан.
Ричардс за „Сандеј Телеграф“ изјавил дека за Запад би било преголем ризик ако , силите на НАТО не успеат да го стабилизираат насилството во земјата. Неговите коментари доаѓаат откако американскиот генерал Стенли Меккристал побара во Авганистан да се испратат дополнителни 40.000 војници.