Ел Барадеј во посета на Иран

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј, пристигна во Техеран за да разговара за плановите, инспекторите на ОН, да можат да ја посетат постројката за збогатување на ураниум. Иран се согласи на ваков потег во преговорите во Женева, во четвртокот. Во меѓувреме, "Њујорк тајмс" објави доверлива анализа направена од страна на тим на Меѓународната агенција за атомска енергија , во која се заклучува дека Иран има стекнато "доволно информации за да може да се дизајнира и произведува" нуклеарна бомба врз основа на високо збогатен ураниум.